ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Потпишан работниот план со Трезорот на САД за зајакнување на капацитетите за управување со јавните финансии, сузбивање на сивата економија и корупцијата

July 18, 2023 10:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Соединетите Американски Држави, како еден од најважните стратешки партнери на Република Северна Македонија ја поддржува интеграцијата на државата во ЕУ, и двете земји во наредните пет години ќе работат на заеднички проект чија цел е зачувување на финансиските интереси и стабилност на финансискиот систем преку поголема ефикасност на институционалните капацитети во наплатата на приходи, подобрување на услугите и сузбивање на корупцијата. Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и директорката за приходна политика и администрација при Трезорот на САД, Парвина Шамсиева Коен го потпишаа Работниот план за Проектот за зајакнување на капацитетите за Управата за јавни приходи и Царинската управа за 2023 – 2024 година. Планот беше потпишан во присуство на министерот за финансии Фатмир Бесими кој на Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон ги потпиша дефинираните услови за работа под коишто треба да работат двете институции се со цел остварување на дефинираните цели.

Во рамки на проектот двете институции воспоставуваат соработка со Канцеларијата за техничка помош при Трезорот на САД, којашто ќе обезбеди експертиза за зајакнување на капацитетите, како и поддршка во напорите за реформи и модернизација кои се преземаат во рамки на Царинската управа и Управата за јавни приходи.

„Континуирано работиме на имплементација на реформа во управувањето со јавните финансии и овој договор денеска е придонес кон зајакнување на јавните финасии, борба со корупцијата и сивата економија. САД, се наш стратешки партнер, а оваа иницијатива уште повеќе го зацврстува нашето партнерство. Трезорот на САД дава значајна техничка помош на земјата во зајакнување во управувањето со јавните финансии, ефикасноста, транспареноста и отчетноста на јавните финансии, како во справување со сивата економија. На овој начин ќе ги зајакнаме капацитетите на нашите институции, а крајната цел е економски просперитет“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими и додаде дека тие процеси истовремено се спроведуваат со воведување  нови современи дигитални платформи, како што е Интегрираниот информациски систем за финансиско управување во Министерството за финансии – ИФМИС,  Интегриран даночен информациски систем (ИДИС) и  Информациски систем за управување со државна помош – САМИС.

Директорката за приходна политика и администрација при Трезорот на САД, Парвина Шамсиева Коен истакна дека Канцеларијата за техничка помош на Трезорот на САД им помага на земјите-партнери кои се ориентирани кон реформи за зајакнување на управувањето со јавните финансии.

„Со задоволство ги поддржуваме напорите на Министерството за финансии за подобрување на даночната и царинската администрација во Северна Македонија. Работниот план потпишан денеска ја одразува широката, сеопфатна поддршка за градење капацитети од ОТА на Царинската управа и Управата за јавни приходи во согласност со клучните национални приоритети, вклучително и намалување на сивата економија, унапредена доброволна усогласеност од даночните обврзници, мобилизација на домашни ресурси и борба против корупцијата“, рече Коен.

Директорот Стефан Богоев вели дека потпишувањето на овој документ e доказ за силната посветеност на Владата, Министерството за финансии и институциите, во спроведувањето здрави фискални реформи кои ќе резултираат со забрзан и одржлив економски раст на државата.

Во оваа насока со експертска помош од Трезорот на САД, Царинската управа, во рамки на Работниот план за 2023 – 2024 година ќе работи на зајакнување на институционалните капацитети за спроведување ефикасни контроли, правилна примена на прописите и управување со ризиците во царинското работење. Ова се клучни области коишто ќе овозможат елиминирање на сивата економија и корупцијата, како едни од највисоките приоритети на Царинската управа, што ќе генерира повисоки приходи во Буџетот.

„Активностите дефинирани во овој Работен план ќе ја зголемат способноста на државата да генерира повисоки и посигурни приходи, што ќе ја зголеми можноста Владата да испорача јавни добра што ќе го поддржат растот на економијата. Ова значи повеќе средства за здравство, за нови градинки и училишта, за подобра инфраструктурна конекција. Второ, ќе овозможат олеснување на трговијата и непрекинат проток на стока преку зголемена дигитализација на процесите, што ќе овозможи подобрување на условите за водење бизнис. Трето, подобрување на капацитетите за водење ефикасни контроли, разузнавање и анализа на ризик значително ќе придонесат за намалување на сивата економија. Крајно, активностите кои ги дефиниравме со ОТА треба да придонесат за сузбивање на корупцијата, што ќе се овозможи преку детектирање механизми за поголема контрола. Ова се едни од главните аспекти за развој на државата и ќе работиме посветено на остварување на целите кои ги поставуваме со овој Работен план“, вели Богоев.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, вели дека со склучување на овој 18 месечен работен план, Управата за јавни приходи ќе добие техничка поддршка и обуки на вработените за: зајакнување на капацитетите на инспекторатот, управувањето со долговите, подобрување на услугите кон даночните обврзници, проектниот менаџмент, внатрешната ревизија, како и јакнење на човечките капацитети како еден од најважните  ресурси  на институцијата со цел брзи, ефикасни и ефективни услуги кон даночните обврзници.

„Оваа соработка за нас е од клучно значење  и доаѓа во време кога го спроведуваме Реформскиот процес и градиме модерна, дигитализирана даночна администрација која ги следи светските трендови и може да одговори на истите. Преку вашата поддршка и многуфункционалните иницијативи ќе обезбедиме стабилност и сигурност, а истата ќе помогне да се зајакнат и контролните механизми кои ги штитат интересите на граѓаните  и бизнисите што пак од друга страна значи и придобивки на приходната страна на Буџетот“, потенцира Лукаревска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БогоевТрезор на САДцарина

НАЈНОВО

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

July 4, 2025

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk