Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, вчера во 21:00 часот во скопскто село Студеничани го лишиле од слобода А.Ќ.(46) од село Студеничани.
Како што соопшти денеска МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.