ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Целосно подготвени сме да излеземе во пресрет на гаснење на пожари, увери Ангелов

July 20, 2023 14:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како држава оваа година сме целосно подготвени да излеземе во пресрет на гаснење на пожари. Оваа година располагаме со три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, од кои едниот е во функција а останатите два треба да пристигнат во секој момент во државата, како и по два армиски и полициски хеликоптери, истакна директорот на Центарот за управа со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека на ниво на државата зголемен е бројот на пожарникари.

-Оваа година на располагање имаме 935 професионални пожарникари, на располагање имаме и нешто повеќе од 110 добровоолни пожарникари, поголем дел од нив имаат соодветна опрема, и имаме неколку противпожарни доброволни друштва со сопствени возила. Како држава имаме два армиски хеликоптери кои имаат ограничување и во најжешките часови не можат да се користат бидејќи не е безбедна нивната употреба, но и два полициски со можност и трет да биде ставен во функција, додаде Ангелов.

Тој информираше дека има вкупно 69 навални возила и 86 цистерни од 6 до 9 тона со сопствени пумпи, едно хемиско возило, 17 автомеханички скали, три хидраулични платформи и 38 противпожарни возила за гасење на шумски пожари, 53 теренски возила, 11 товарни возила, шест команди возила, 17 возила за превоз на луѓе и опрема, 121 пумпа и 863 лични заштитни комплети.

-Со министерот Оливер Спасовски потпишавме меморандум со којшто значително ги упростивме процедурите за ангажман на полициските хеликоптери и во случај на пожар буквално за неколку минути ние можеме да подигнеме хеликоптер. Соработката помеѓу ЦУК, МВР и Армијата во овој момент е на највисоко миво. Исто така соработката со Дирекцијата за заштита и спасување е на највисоко ниво, рече Ангелов.

Ангелов потенцираше дека 90 отсто од причинителите на пожарите е човековиот фактор. Испрати апел овој период од годината да не се пали оган на отворено, или на шума.

-Особено апелираме до пушачите кои се движат во природа, во планините, да бидат исклучително внимателни при фрлањето на цигарите, најдобар начин тие да бидат изгаснати во мало шише со вода. Апелираме да не се користат плински уреди, кои понекогаш планинарите знаат да ги користат за варење на кафе. Апелираме до сточарите да не ги палат пасиштата, и до земјоделците да не ги палат стрништата, рече Ангелов.

Како што информираше, во 2020 година штетите од пожарите финансиски се проценети на околу 21 000 000 евра, додека во 2021 кога беа големите пожари во Малешевијата, но и генерално на територијата на целата држава, штетата беше околу 38,2 милиони евра.

-Ако на тоа ги додадеме и трошоците за гасење на пожарите, тогаш штетата за државата уште повеќе се зголемува. Минатата година штетата беше значително помала и е проценета засега на 2 милиони евра. Напорот да се менаџираат пожарите на еден друг начин, давањето се од себе од страна на државата и луѓето кои што работат на превенција и на гасење на пожарите даде резултати, со тоа што се надеваме дека оваа година сме уште поподготвени и ќе можеме да ги изменаџираме пожарите со уште помали штети, рече Ангелов.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АнгеловпожариЦУК

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk