Џон Кери, претставникот на САД за климата, отпатува во Пекинг со надеж дека ќе ги убеди тамошните власти да почнат да ги намалуваат емисиите на јаглерод во Кина на побрз временски рок. Но, по тридневни разговори, Кери се врати без никакви нови договори.
Како што пренесува Њу Јорк Тајмс, всушност, Си Џинпинг, кинескиот претседател, во говорот инсистираше на тоа дека неговата земја ќе ги оствари своите цели за постепено отстранување на загадувањето со јаглерод диоксид со свое темпо – и на свој начин. Кина нема да дејствува „под влијание на други“, рече тој.
Сепак, Кери инсистираше на тоа дека не е разочаран. Тој рече дека самиот разговор покажува напредок.
„Имавме многу искрени разговори, но дојдовме овде да пробиеме нови терени“, рече тој, додавајќи: „Јасно е дека ќе ни треба уште малку работа“.
Според аналитичарите, коментарите на Си сугерираат дека тензиите меѓу САД и Кина ја отежнуваат заедничката работа на климатската криза.
За споредба, САД и Кина се двата најголеми загадувачи.
Климатските промени доведоа до екстремна топлина на планетата, а првите две недели од јули беа многу веројатно најжешките досега во медерната историја на земјата/
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа