ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Објавено јубилејното издание на целокупното творештво на првата македонска поетеса Даница Ручигај

July 20, 2023 09:06
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

По повод шеесетгодишнината од смртта на првата македонска поетеса и основоположничка на т.н. женско писмо во македонската поезија и литература воопшто Даница Ручигај во скопскиот катастрофален земјотрес на 26 јули 1963 година, деновиве од печат излезе јубилејното издание на нејзината целокупна поезија „Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“, што го приредија Свето Стаменов и Искра Чоловиќ, новинари на Македонското радио – Радио Скопје и познати македонски публицисти, кои повеќе од две децении неуморно ја истражуваат рецепцијата на Даница Ручигај во Македонија и во светот и посветено се грижат за нејзиното духовно наследство.

Иако зад себе остави само две стихозбирки, од кои првата „Сребрени ноќни игри” беше објавена во 1960 година, а втората „Заробеници на ветрот” постхумно, неколку месеци по нејзината смрт во 1963 година, Даница Ручигај, која многумина ја нарекуваат македонската Силвија Плат и амазонка на македонската поезија, остави неизбришливи траги не само во современата македонска литература, туку и во македонската култура воопшто. Таа со својата исконска физичка и духовна убавина и со својот сензибилитет, некомформизам, творечка енергија и животна храброст, не помирувајќи се со патријархалните предрасуди и стереотипи за жената на овие простори, ја подотвори вратата низ која достоинствено и со дигнитет тргнаа модерните, самосвесни и еманципирани жени на македонската поезија. Мора да се признае, сакал некој или не, дека во тоа време, крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години на минатиот век, преполно со табуа, нејзината појава и творечка енергија преточена во стихови, претставува вистинска авангарда, велат Стаменов и Чоловиќ во прилогот на изданието.

Ова јубилејно издание, впрочем како и претходното „Сребрени ноќни игри & Заробеници на ветрот“, што Свето Стаменов и Искра Чоловиќ го приредија во 2003 година по повод четириесетгодишнината од трагичната смрт на првата македонска поетеса, ги содржи двете нејзини стихозбирки „Сребрени ноќни игри“ и „Заробеници на ветрот“, како и двете нејзини последни песни „Кругови“ и „Без наслов“ („Се враќам да ја затворам вратата“) пронајдени во урнатините на нејзиниот дом на падините Водно. Во делот насловен „За Даница кажаа…“, пак, приредувачите даваат кратки размисли и импресии за ликот и делото на поетесата на педесетина научни, културни и книжевни дејци од земјава и од странство. Книгата содржи и комплетна библиографија на книжевниот опус на Даница, како и на секундарната литература за неа (книги, есеи, литературни критики, осврти… аудио и ДВД изданија), како и преглед на културните и научните настани поврзани со нејзиното творештво (промоции на книги, литературни вечери и симпозиуми и сл.) во изминатите шест децении.

Книгата е збогатена и со пригодни текстови посветени на Даница Ручигај и на нејзиното творештво на проф. д-р Васил Тоциновски, литературен критичар, писател и поет; проф. д-р Милан Јазбец, словенечки дипломат, универзитетски професор, писател и поет; проф. д-р Намита Субиото, истакната словенечка славистка и македонистка – шеф на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана, д-р Лилјана Пандева, писателка и проф. д-р Димитар Пандев, професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и истакнат лингвист, славист и македонист и писател.

Свето Стаменов и Искра Чоловиќ, досега ги објавија следниве книги посветени на Даница Ручигај и на нејзиното творештво: „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ (2016), „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!“ (2017), „Лабудова песма Заробљенице ветра“ (2019), „Даница Ручигај: Песна над песните“ (2020) и „Даница Ручигај и книжевната критика“ (2021), како и антологијата на песни посветени на Даница Ручигај „Недореченост, о проклета да си“ (2018), а како што веќе е истакнато, беа приредувачи и на книгата на Даница Ручигај „Сребрени ноќни игри & Заробеници на ветрот“, која беше објавена во 2003 година по повод четириесетгодишнината од нејзината трагична смрт.

Tags: Даница Ручигајмакедонска поетеса
Next Post
(AP Photo/Ali Jabar)

Демонстранти ноќеска ја запалија шведската Амбасада во Багдад, шведското МНР го осуди чинот

НАЈНОВО

Шкендија вечерва против бугарски Лудогорец во реванш плејофот во Лига Европа

August 28, 2025

Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

August 28, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Шок за Манчестер јунајтед, елиминиран од четвртолигашот Гримсби Таун во Лига купот

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk