Раководството на Реал Мадрид очекува напаѓачот Килијан Мбапе да дебитира за мадридскиот тим на натпреварот од 1. коло на шампионатот на Шпанија против Атлетик, пренесува „El Debate“.
Средбата ќе се одржи на 12 август на стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао.
Претходно беше објавено дека 24-годишниот Французин би можел да ја помине сезоната 2023/24 на клупата доколку не го продолжи договорот со ПСЖ и одбие да замине во летниот преоден рок.
Актуелниот договор на Мбапе со парискиот клуб е до летото 2024 година. Фудбалерот кажа дека не планира да го обнови договорот со цел да се пресели во Реал Мадрид како слободен играч.
Доколку се оствари сценариото на Мбапе, ПСЖ во 2024 година ќе остане без него, но и без ниту финансиски надомест што може да го добие при трансфер во тековниот преоден рок.