ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска во Стоби: Археолозите откриваат нов мозаик во најрепрезентативниот објект, Теодосијанската палата

July 21, 2023 10:27
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше во посета на археолошкиот локалитет „Стоби“ каде што се запозна со најновите археолошки истражувања на Теодосијанската палата, која е една од најголемите и најлуксузно декорирани градби што се откриени во овој антички град.

Од Националната установа Стоби ја информираа министерката за најновото археолошко откритие – нов мозаик – а, како што најавија археолозите, деталите за мозаикот, кој се наѕира во една од просториите и е поставен како централно правоаголно поле, ќе ги откријат деновиве.

Археолозите информираат дека со сигурност се знае дека имаме ново откритие во репрезентативниот објект, кое, според првичните наоди, претставува нов, неоткриен бисер на античкиот град кој е културно наследство и локалитет од особено национално значење.

– Ова откритие е резултат на заштитно-археолошките истражувања кои се во функција на конзервација на Теодосијанската палата, за чија конзервација Стоби, во соработка со Фондацијата „Балканско наследство“ од Бугарија, доби грант од прочуената амириканска филантропска организација „Каплан фонд“. Ова се резултати на еднодецениска соработка на Стоби со овие фондации – истакна Костадиновска-Стојчевска.

Од НУ Стоби информираа дека во рамките на грантот од „Каплан фонд“ во вредност од 300 000 долари за конзервација на Теодосијанската палата во Стоби, годинава се изработуваше основен конзерваторски проект за архитектурата, како и основен конзерваторски проект за мозаичните подови на овој луксузно декориран резиденцијален објект.

– Проектот претставува еден од првите чекори на имплементација на Мастер-планот за конзервација на Стоби, изработен во периодот меѓу 2019 и 2021, исто така, во соработка со „Балканско наследство“, поддржан од „Ј. М. Каплан фонд“ од САД. Проектот за Теодосијанската палата ќе ги следи насоките од Мастер-планот за конзервација на Стоби. Во него ќе бидат вклучени конзервација и реконзервација на архитектонските остатоци, во соработка со меѓународен тим од експерти предводени од Џон Стјуарт и Греам Абри од Велика Британија“ – рече Спасе Перовски, директор на НУ Стоби.

Тој додаде дека меѓународните експерти, исто така, ќе бидат задолжени за едукација на експерти (конзерватори, археолози и менаџери на културно наследство) од Северна Македонија и од регионот, а ќе биде издаден и прирачник којшто ќе вклучува препораки и насоки за понатамошно одржување на археолошкиот локалитет „Стоби“.

Министерката за култура, заедно со директорот Перовски, на археолошкиот локалитет „Стоби“ се сретна и со студентите археолози, учесници на Меѓународната школа за археологија, кои годинава ни доаѓаат од Америка, Канада и од НР Кина.

− Драгоцено е искуството што го развива Стоби во својата едукативна и теоретска меѓународна соработка преку оваа Школа, преку соработката со Фондацијата „Балканско наследство“. Стоби ја продолжува својата успешна приказна за пример кон современо менаџирање и управување со културното наследство, давајќи му живот на древниот град и во времето во кое живееме − рече Костадиновска-Стојчевска. Таа додаде дека на овој начин се заштитува богатото универзално културно наследство, се афирмираат историјата и културата на нашата земја, се продолжуваат приказните од римскиот и од доцноантичкиот период, но се започнуваат и нови приказни, кои зборуваат за нас, сега и овде.

– Преку овие пријателски фондации, експерти со светско реноме се вклучени во проучувањето и во натамошниот развој и афирмација на „Стоби“, а тоа го става овој локалитет на врвот на светски познатите археолошки мапи. Во „Стоби“ е живо и возбудливо како што е во лето на сите локалитети. Им честитам на нашите археолози за новото открие и им пожелувам успешна работа, размена на искуства и трајни пријателства на младите археолози кои ни доаѓаат од светот – рече Костадиновска-Стојчевска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Костадиновска СтојчевскаСтоби
Next Post

Приведен битолчанец по централна потерница за издржување казна затвор од 6,3 години

НАЈНОВО

ПМГ Рекордингс Фестивал 14 – тридневен музички настан во МНТ и Јавна соба

October 15, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп му се закани на Бостон: Ќе го повикам Инфантино од ФИФА да не се одржува СП 2026 во тој град

October 15, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Преку 9 милиони евра подршка од Владата за Гостивар за реконструкција и изградба за улици

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk