ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Макрон ќе прави реконструкција на француската Влада

July 21, 2023 09:37
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги смени министрите за образование и за здравство, како дел од долго очекуваните промени во владата, пренесе ДПА.

Клучните министерства во владата, што ги контролираат финансиите, надворешната политика, одбраната и правосудството, не се зафатени со промените, соопштија од кабинетот на Макрон.

Макрон уште во вторникот изјави дека премиерката Елизабет Борн ќе остане на функцијата, откако се појавија шпекулации за можна смена во врвот на владиниот кабинет.

Владата ја напуштаат министерот за образование, Пап Ндиаје, и министерот за здравство, Франсоа Браун. Пап Ндиаје е универзитетски професор, а Франсоа Браун – лекар во Итната помош, што претпоставува дека двајцата се добро навлезени во состојбите во своите ресори. И двајцата немаат претходна политичка кариера.

Пад Ндиаје ќе биде заменет од 34-годишниот Габриел Атал, досегашен министер за буџерт, кој во текот на 2018 година стана најмладиит министер во фрацуската Влада, со едвај наполнети 29 години.

На чело на Министерството за здравство ќе застане Орелиен Русо, досегашен началник на кабинет на премиерката Борн. Русо ги стекна симпатиите со својата работа околу управувањето со јавното здравје во регионот на Париз за време на пандемијата на Ковид -19.

Францускиот претседател, исто така, одлучи да го обнови Министерството за градските прашања, на чие чело ја поставува Сабрина Агрести-Рубаш, – пратеничка  од северноафриканско потекло, родена во Марсеј.

Градоначалникот на Данкерк, пак, ќе раководи со Министерството на станбена изградба.

Макрон, на кого му претстојат уште речиси четири години од мандатот, е со ослабени позиции поради повеќемесечните немири и неговата упорна  борба за неговиот исклучително непопуларен план за зголемување на старосната граница за пензионирање во Франција за две години, што на крајот тој го протурка во парламентот кон крајот на март по значително висока политичка цена.

Незадоволството од реформата се засили од неодамнешните немири во целата земја по убиството на тинејџер со северноафриканско потекло на полициски контролен пункт во предградие на Париз, потсетува ДПА.

Tags: Макронреконструкцијафранцуска Влада
Next Post

Во Кумановско за 20 дена 37 пожари

НАЈНОВО

Лери Самерс се повлекува од јавноста по обелоденувањето на мејловите со Џефри Епстајн

November 18, 2025

Таткото на Вирц: Флоријан не жали што дојде во Ливерпул – сè оди според планот

November 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Биткоин повторно под 90.000 долари – криптопазарот изгуби 1,2 трилиони за шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk