Околу 3 часот утринава непознати лица го запалиле автомобилот на првиот вицепремиер Артан Груби, пишува „Коха“.
Инцидентот се случил на улицата „Струмичка“, во скопската населба Чаир.
– Денеска (22.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул.„Струмичка“ настанал пожар во патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л.(35) од скопје. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на свр скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Д. Ј.