Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, во своја објава на Твитер напиша дека има жртви и повредени деца во руски ракетен напад кој се случил ноќеска врз украинскиот град Одеса.
Блокирањето на Црното Море и договорот за жито за да се создаде вештачки глас е уште една цел на Русија, Русија има крваво искуство во создавањето на гладомори, напиша амбасадорката Дир.
Ноќта на 23 јули,🇷🇺jа погоди Одеса со ракети-Калибар, Оникс, Х-22,Искандер-К,Искандер-М. Има жртви, повредени деца.Блокирањето на Црното Море и договорот за жито за да се создаде вештачки глад за многу земји е уште една цел на🇷🇺,а 🇷🇺има крваво искуство во создавањето на гладомори pic.twitter.com/8OkxusqHYp
— Larysa Dir (@dir_larysa) July 23, 2023
Извор: ЦИВИЛ Медиа