ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дводневен настан на „Скопје во пет и седумнаесет“, во организација на Министерство за култура за 60-годишнината од скопскиот земјотрес

July 23, 2023 13:50
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Министерство за култура

Фото: Министерство за култура

Share on FacebookShare on Twitter

Со низа културни настани во рамките на проектот „Скопје во пет и седумнаесет“, Министерството за култура се вклучува во одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје.

Официјалната програма на „Скопје во пет и седумнаесет“ започнува со вечерен концерт на 25 јули (вторник), од 21 часот, во паркот „Ибни Пајко“, на кој ќе настапат: Оркестарот на Здружението на џез-музичари и слободни уметници, Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, Светлана Јовановска и Џон Илија Апелгрин. Скопјани и сите љубители на македонските евергрин- композиции ќе се потсетат на најубавите песни и стихови посветени и на градот.

Во Музејот на современата уметност на 26 јули (среда) ќе биде отворена дигиталната изложба на Државниот архив „Подемот и падот на Скопје“, преку фотообјективот на Киро Георгиевски, вработен во Градското собрание во 50-тите години на 20 век. Видеоматеријалот содржи над 300 фотографии и документи за денот на земјотресот и за сите случувања до крајот на годината – доаѓањето на армијата, обновата на градот со донации од југословенските републики и од целиот свет, деновите на солидарноста и сите официјални посети на државни претставници. В среда(26 јули) во МСУ граѓаните ќе имаат можност да ја видат изложбата во периодот од 10 до 13 часот и од 15 до 17 часот. Ја покануваме пошироката јавност да ја посети изложбата која ќе ѝ побуди сеќавања и емоции за времето во Скопје по земјотресот пред 60 години.

На 26 јули, со проекција на избор од кратки филмски журнали на „Филмски новости“ по повод земјотресот во Скопје,со почеток во 18 часот, како и со премиерна проекција на дигитализираниот филм „Мементо“ на Димитрие Османли во 20 часот, Кинотеката на Република Северна Македонија ќе се приклучи кон одбележувањето на овој значаен ден, кој пред 60 години го промени животот на овој град.

Вечерта на 26 јули, со почеток во 20 часот, во шалтер салата на Пошта и на зградата на Телекомуникацискиот центар, креативниот тим на „Скопје лајт арт дистрикт“ ќе изведе аудиовизуелни инсталации со ласерска проекција и 3Д-мапирање како илустративен приказ на  земјотресот и на обновата. Истовремено, на локации на Скопското кале и на високите кули во Карпош 1 и 2 ќе има визуелна проекција со 3Д-мапирање.

Во партнерство со „Телеком“, истиот ден, дел од видеоинсертите од филмски журнали на „Филмски новости“ ќе одат и на видеоѕидот на „Телеком“ на плоштадот „Македонија“. Филмовите ќе имаат проекција и на видеоѕидот кај Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, а во трговскиот центар „Ист гејт“ во текот на целиот ден. Видеоинсертите ќе бидат прикажани и во МСУ.

На 26 јули во Музејот на Град Скопје, кој претставува еден од највпечатливите потсетници за скопскиот земјотрес, ќе се одржи мултимедијалниот настан на Терапија –„Зборувај за Скопје“, кој содржи: ликовни изложби, проекции на филмови, визуелна уметност и музичка програма, клупска музика, настан за урбаното и модерно Скопје. Повозрасните ќе се потсетат на минатиот век, а помладите на уникатен начин ќе се запознаат со животот на старо Скопје. Изложбата ќе биде отворена на 26, 27 и 28 јули.

Дводневниот настан „Скопје во пет и седумнаесет“ е во организација на Министерството за култура и Владата на Република Северна Македонија.

Tags: 60-годишнината од скопскиот земјотрескултурен настанСкопје во пет и седумнаесет
Next Post

Каевски: Нови 100 милиони евра поддршка од ЕУ, со уставните измени процесот на пристапување ќе се забрза

НАЈНОВО

Најголемите кражби на уметнички дела и накит во историјата

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025
Трамп и Путин во Будимпешта

Рускиот специјален претставник на Кремљ, изјави дека Русија и САД се блиску до „дипломатско решение“ за војната во Украина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk