Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот Н.А.(44), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.
Како што информираат од МВР, пријавениот набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување со моторни возила од категоријата „Б“ и ја приложил како вистинита заради замена кај надлежните институции во Италија.