ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одбиено барањето на ВМРО-ДПМНЕ за јавна расправа по Предлог на законот за данокот на солидарност

July 24, 2023 12:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во собраниската Комисија за европски прашања денеска почна седницата на која на дневен ред се трите закони за даночните реформи, што Владата ги предложи по скратена постапка со европско знаменце: Предлог законот за данокот на солидарност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.

На почетокот на седницата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара дневниот ред да се дополни со уште една точка – Предлог одлука за одржување јавна расправа по Предлог на законот за данокот на солидарност, која би се одржала на 28 јули. Оваа барање на ВМРО-ДПМНЕ беше одбиена од членовите на Комисијата за европски прашања.

-Јавната расправа да се одржи на 28 јули во петок. Ова е разумен рок и сосема доволно од четири дена стручните служби на Собранието да организираат, да се поканат сите заинтересирани физички и правни лица и да се дискутира и да се изнесат сите недостатоци за законот. Ова го барам поради бројните и бурни реакции на јавноста на овој предлог-закон, а и поради потребата за вклучување на стручната фела во образложување на истиот овој закон. Потребно е да се спроведе јавна расправа по истиот по кој што ќе се донесат заклучоци кои ќе придонесат кон подобрување на законската регулатива и кон едноставно можноста да се види што значи ова законско решение, рече тој.

Кога министерот за финансии, Фатмир Бесими излезе на говорницата да го образложи законското решение, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дофрлуваше од место барајќи од потпретседателката на Комисијата за европски прашања Арта Биљали-Зендели да го стави на гласање нивното барање за јавна расправа. Мицевски побара од Биљали-Зендели нивната иницијатива да го стави на гласање и да се произнесат пратениците. Потенцира дека додека не се утврди дневен ред, министер или било кој не смее да земе збор и да објаснува.

Мицевски истакна дека жали што пратениците од владејачкото мнозинство немаат храброст за едно вакво суштествено и чувствително прашање за кое што реагира Клубот 100 од Стопанската комора на Македонија да не се најде можност да им се даде еден ден да се дискутира за ова законско прашање.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара и точката Предлог на закон за данокот на солидарност да се тргне комплетно од дневниот ред на денешната Комисија за европски прашања, која исто така беше одбиена од членовите на Комисијата.

Попретседателката Биљали-Зендели соопшти дека за Предлог на законот за данокот на солидарност се доставени амандмани и даде пауза додека се архивираат до собраниските служби.

Предлогот на Закон за данокот на солидарност предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка, при што обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.

-Целта на Предлог законот за данокот на солидарност како што е информирано од Министерството, е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи, во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од ценовната и енергетската криза, при што е земена предвид европска регулатива. Европската Унија, како што е посочено, заради ублажување на последиците од енергетската криза, усвои Регулатива на Советот (ЕУ) 2022/1854 од 6 октомври 2022 година, за итна интервенција за решавање на проблемот со високите цени на енергијата, а со којашто се утврдува и обврската за наплата на придонес за солидарност. Според Регулативата, придонесот за солидарност треба да дејствува како редистрибутивна мерка за да се осигура дека предметните компании коишто оствариле вишок профит поради неочекувани околности, пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар, информираше владината прес-служба.

Tags: ВМРО-ДПМНЕКомисија за европски прашањаСолидарен данок
Next Post

Дванаесет министерства во Норвешка - цел на кибер напад

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

October 29, 2025

Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

October 29, 2025
Фото: Левица

Мециновиќ: Ова е генерациска борба на непривилегираните – отчукува нивното време, сега ние сме на потег

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk