На ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје денеска околу 01.35 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ч.Ш.(20) од Скопје.
При преглед во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ со празна рамка и куршуми калибар 9 милиметри.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.