Чешката армија ги доби првите два борбени хеликоптери „БелАХ-1З Вајпер“ (Bell AH-1Z Viper) нарачани од САД, соопшти Министерството за одбрана на Чешка.
Хеликоптерите беа испорачани со транспортен авион во воздухопловната база Намест над Ославоу, лоцирана на 30 километри западно од градот Брно.
До средината на септември се очекува да бидат испорачани уште два вакви хеликоптери, како и два повеќенаменски хеликоптери „Бел УХ-1Ипсилон Веном (Bell UH-1Y „Venom).
– Пристигнувањето на првите два американски хеликоптери е важен момент во модернизацијата на армијата. Со оваа придобивка, Чешка ќе ја елиминира зависноста од руската технологија и ќе премине кон помодерна технологија, изјави чешката министерка за одбрана Јана Чернохова.