ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Габриел: Поддршка од ЕИБ за спроведување на стратегијата за „зазеленување” на финансискиот систем

July 27, 2023 11:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската инвестициска банка ги цени активностите коишто ги презема Народната банка во изминативе неколку години во сферата на зеленото финансирање и е подготвена да обезбеди поддршка за активностите планирани во периодот 2023 ‒ 2025 година. Со оглед на значајноста на ризиците коишто ги носат климатските промени во глобални рамки, вклучително и за финансиските системи, од 2020 година „зелената” и одржлива економија стана една од стратегиските цели на Народната банка. Во 2021 година, Народната банка стана членка на Меѓународната мрежа на зелени финансии во која членуваат централни банки и финансиски регулатори, а во 2022 година за првпат беше спроведена и анкета за оцена на свесноста за овие ризици и начинот на управување со нив од страна на банкарскиот систем. Народната банка е во завршна фаза на изготвување на тригодишната Стратегија за поттикнување на зелените финансии.

На средбата, гувернерката посочи дека Стратегијата на Народната банка за поттикнување на зелените финансии ќе засега повеќе сегменти, меѓу кои се финансиската стабилност, банкарската регулатива и супервизија, монетарната политика, истражувањето, финансиските пазари и понатамошниот развој на организациската култура и капацитетите во Народната банка. Некои од позначајните активности во рамките на Стратегијата се подготовката на насоките за работењето на банките во доменот на управувањето со климатските ризици, како и стрес-тестирањата за оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени.

Претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел, позитивно ги оцени досегашните активности на Народната банка и изрази подготвеност да го поддржи спроведувањето на Стратегијата преку програмата на ЕИБ „Зазеленување на финансиските системи”. Поддршката ќе биде насочена кон јакнење на капацитетите за оцена на влијанието на климатските ризици врз стабилноста на банкарскиот систем, мерки за заштита, развивање политики, регулативна рамка и соодветни инструменти за справување со ризиците. Подетално за формите и начинот на поддршка помеѓу ЕИБ и вработените од Народната банка кои работат во оваа област беше разговарано на работилницата организирана во Народната банка.

Досегашните заложби на Народната банка за раст на зеленото финансирање вродија со значителен напредок. Имено, од почетокот на прибирањето на податоците за зелени кредити во земјава (крајот на 2019 година), заклучно со првиот квартал од годинава, се забележува удвојување на вкупната сума на издадените зелени кредити. Во овој период, „зелените кредити”, или кредитите за финансирање обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации, пораснаа и сега изнесуваат 3,7% од вкупните кредити. Народната банка преку низа мерки го поддржува зеленото финансирање, вклучително и преку измените во инструментот за задолжителна резерва.

Tags: Ангеловска-БежоскаГабриелНБ
Next Post

Блинкен: Вратата е отворена за Нов Зеланд да се вклучи во АУКУС

НАЈНОВО

Таткото на Вирц: Флоријан не жали што дојде во Ливерпул – сè оди според планот

November 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Биткоин повторно под 90.000 долари – криптопазарот изгуби 1,2 трилиони за шест недели

November 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Влезниците за СП 2026 година нема да гарантираат визи за влез во САД

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk