ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Колкаво е всушност „огромното мнозинство граѓани“ на Мицкоски кои се против промена на Уставот?

Кога Мицкоски нема аргументи зошто не прифаќа влез на Бугарите во Уставот, тој се повикува на „огромното мнозинство граѓани“, кои наводно, биле против. Во тој пропагандистички дух на „криење“ зад на волјата на граѓаните, се наѕира неспособноста за лидерство и визија за перспективите на државата.

August 1, 2023 18:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Кога Мицкоски нема аргументи зошто не прифаќа влез на Бугарите во Уставот, тој се повикува на „огромното мнозинство граѓани“, кои наводно, биле против. Во тој пропагандистички дух на „криење“ зад на волјата на граѓаните, се наѕира неспособноста за лидерство и визија за перспективите на државата.

За него политичката реалност во која живее се анкетите што ги прават агенциите, а 1.200-те  анкетирани испитаници се сите „македонски граѓани“. Но кога сакаш да манипулираш со јавното мислење, тогаш во јавните настапи намерно ги „билдаш“ податоците и правиш каша попара од нив. За успешна дисеминација или ширење на оваа намерно креирана пропаганда од страна на оваа опозициска партија, голема улога има поддршката од серија медиуми и новинари кои свесно или несвесно го прават тоа.

На пример, во последното ТВ интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот Мицкоски, но уште повеќе со помош на новинарот, креираат наводно „мнозинство“ од над 85% кои се против уставните измени.

Втората најчесто употребувана реченица на раководството на оваа партија како аргумент повеќе за одбивање да гласа за уставните измени е дека тие биле „под бугарски диктат“.

Интересно е да кажат од оваа опозициска, патриотска партија, дали во овие „над 85% македонски граѓани против“ влегуваат и 150 илјади Македонци кои се стекнаа со бугарски пасош и дали станаа Бугари под бугарски диктат? Затоа што за да се здобијат со бугарски пасош морале да коленичат за да се кажат благонадежни Блгари по корен до кој знае кое колено. Дали и тие сега се против „бугарски диктат“ за влез на „другите“ Бугари во Уставот? Значи, дали 150.000 тајни Бугари со пасоши се против 3.500 јавни Бугари според попис?

Инаку овие „над 85 проценти“ никогаш и во ниедна анкета не биле толку.

Во анкетата на Институтот за политички истражувања, инаку омилен на Мицкоски, вкупно 56,1% од граѓаните сметаат дека не треба да се промени Уставот и во него да се внесат Бугарите и останатите народи за да се продолжи со преговорите со ЕУ.

Кај анкетата на ИРИ пак односот на испитаниците за и против е 50-50. За кантарот да превагне на едната или другата страна најголемо влијание имаат 20-те проценти кои „донекаде“ не одобруваат влез на Бугарите во Уставот.

Кога станува збор за наметнатиот страв дека со преговарачката рамка ќе се загрози македонскиот јазик, од анкетата на ИРИ очигледно е дека македонските граѓани не се баш исплашени од тоа.

Имено, 42% се уверени дека македонскиот јазик не е загрозен со процесот на преговори за членството во ЕУ. Ако на нив ги додадете оние 22% кои сметаат дека „само донекаде“ е загрозен јазикот, ќе добиете мнозинство од  66% граѓани кои сметаат дека јазикот не е загрозен.

Ако дополнително се направи вивисекција на структурата на анкетираните на кои смета ВМРО, ќе стане јасно дека постарите (повозрасните) наши граѓани над 60-годишна возраст, се против секакви промени во општеството затоа што кај нив низ годините се создале многу повеќе предрасуди одошто кај помладите, кои, пак, се најмногу застапени во анкетите.

Исто така, треба да се има предвид дека според социјалната и образовна структура во анкетата на ИРИ, на пример (како најтранспарентна), најмногу застапени анкетирани граѓани се со ВМРО-вска политичка позадина.

Потоа, најбројни се оние со основно и средно образование или вкупно 73%, додека со високо се само 20%, како и 30% работници и пензионери 25%. Студенти се застапени со само 6%.

Најголем број анкетирани се од приватниот сектор, дури 68%, кој беше најпогоден за време на ковид кризата и економско-енергетската  криза. Тоа самото по себе доволно говори какво јавно мнение креираат овие граѓани во општото расположение.

Но ако, и покрај сѐ, се земе предвид дека 79% од испитаниците се изјасниле дека се за европска иднина на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ допрва ќе треба да се соочи со вистината на анкетите и на своите рејтинзи.

На крајот на краиштата, можеби и ќе победи и тоа ќе биде избор на граѓаните, но е политички нефер да се манипулира со јавното мислење и да се тврди дека тие не биле исти.

Не дека се исти, туку се поисти од некои други, иако сѐ уште не се на власт.

Извор: РАЦИН.МК

Next Post
Зоран Бојаровски

Вмровски танц во бугарскиот скут

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk