Во американскиот Сенат, слично како во германскиот Бундестаг, предложена е резолуција поврзана со македонскиот народ и наследство. Според републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, целта е да прослават слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.
Во резолуцијата се вели дека е важно да се истакнат клучните придонеси и културно влијание на македонските Американци во САД, објави Гласот на Америка. Според проценките, денеска во САД живеат околу половина милион граѓани со македонско потекло.
Според Мето Колоски, коосновач и волонтерски претседател на Обединетата македонска дијаспора која ја поднесе иницијативата за резолуцијата, ова е важно за Македонија и македонскиот народ.
Во разговор за „Локално“ истакна дека се бара претседателот на САД да го прогласи септември како месец за македонско-американско наследство.
„Ова е признание за Македонците во Америка и нивната улога во унапредување на САД во последните 150 години. Слични месеци има за други етнички заедници во САД, и не бараме ништо друго освен поголемо признание на нашата заедница, која се претпоставува дека има над 500.000 Американци со некакво македонско потекло или родум во САД“, потенцира Колоски.