Во поплавите во планините околу Пекинг загинаа 11 лица, а 27 се водат како исчезнати, јавија денеска кинеските медиуми.
Поради обилните врнежи, надлежните го прекинаа железничкиот сообраќај и ги евакуираа жителите од загрозените подрачја.
Поплавени се голем број куќи, а патиштата се блокирани.
Нивото на врнежи е многу невообичаено за Пекинг, кој вообичаено има умерена, сува клима.
Сезонски поплави секое лето ја погодуваат јужна Кина. Сепак, некои северни региони годинава ги пријавија најлошите поплави во последните 50 години.
На почетокот на јули, најмалку 15 лица загинаа во поплавите во југозападниот регион Чонгкинг, додека 5.590 жители на провинцијата Лиаонинг на северозападот мораа да бидат евакуирани.