ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Да останеме верни на вредностите на двата Илиндени, горди и признаени да ја живееме европската иднина

August 2, 2023 11:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ упати честитка по повод големиот државен празник Илинден – Денот на Републиката, до сите македонски граѓани, со желба за напредок на државата и просперитет на сите полиња и подобар живот за граѓаните.

-Денес го прославуваме еден од најзначајните празници на македонскиот народ, ги чествуваме македонскиот идентитет, македонската државност и мултикултурното заедништво во нашата татковина.

120 години после крушевскиот Илинден и 79 години после АСНОМ-скиот Илинден, подготвени сме со умеење и знаење да ја внесеме нашата македонска држава во Унијата која ги почитува идентитетските белези, разликите и современите вредности на модерното живеење, истакнува Маричиќ.

Илинденските идеали и денеска, како што нагласува Маричиќ, повикуваат на државност, одлучност и единство пред новите предизвици.

-Патот што го избрале илинденците е стремеж кон иднината, кој водел кон победа и успех. Сега нам ни е редот, да останеме верни на вредностите на двата Илиндени и горди и признаени да ја живееме европската иднина, истакнува Маричиќ во честитката.

Тој посочува дека денес живееме во време кога сме обврзани со нашите одлуки и здружената посветеност на нашиот народ да градиме држава по европски терк.

-Со желба и увереност за прославување на нови важни моменти од нашата интеграција, го честитам празникот Илинден, големиот македонски празник. Во духот на Илинден, посакувам нашиот народ да стане дел од Европската Унија, да доживува просперитет на полето на културата, економијата, образованието, социјалната политика и да имаме подобар заеднички живот. Нека ни е честит Илинден на сите македонски граѓани, стои во честитката на вицепремиерот Маричиќ.

Tags: Бојан Маричиќ
Next Post

Ковачевски: Одлучноста и обединувачкиот дух на Илинден и на АСНОМ се нашиот патоказ кон иднината

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk