Годинава, под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“,се одбележува 2ри Август, Денот на Републиката- Илинден.
Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, денеска во Скопје, со положување свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ во Скопје, на споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и на спомен- обележјето на Методија Андонов- Ченто на Градскиот плоштад го отпочна чествувањето по повод големиот национален празник, 2 Август, Денот на Републиката- Илинден.
Дополнително, владина делегација предводена од министерот Османи, ќе присуствува и на државната програма на скопската Тврдина Кале во Скопје, по повод одбележувањето на големиот национален празник Илинден која е во организација на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.