ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Агротим порачува да се искористи можноста за инвестирање во нова технологија, машини, ладилници и друга опрема

August 4, 2023 16:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Агротим

Фото: Агротим

Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 8.8 милиони  евра, а крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година.

Финансиските средствата по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, (грант) во износ до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Напомена: Заради временската рамка за реализација на активностите од ИПАРД Програмата 2014-2020, крајниот рок за реализација на инвестиции со овој Јавен повик e 31.05.2024 година, додека, рокот за поднесување на барањата за исплата е 30.06.2024 година.

Според законот за основање на Aгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – исплатата на финансиската поддршка се врши по донесено решение за исплата од страна на Агенцијата, во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето за исплата.


Мерка 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи

Групите на инвестиции по приоритетни сектори се однесуваат на следниве типови на инвестиции:

  • Млеко и млечни производи;
  • Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина);
  • Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури);
  • Житарици, мелнички продукти и скроб;
  • Растителни производи и масла и маснотии од животни;
  • Шира, вино и оцет:
  • Производство на енергија преку погони за преработка и производи од животни од примарната и секундарната биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Во овој јавен повик не се прифатливи инвестиции во градежни објекти, односно изградба, доградба, надградба или адаптација на објекти.

ИНВЕСТИЦИИ ПОВРЗАНИ СО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Единствено прифатливи се инвестиции за набавка и поставување/инсталирање на опрема за производство на енергија за сопствени потреби.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

На овој повик може да аплицираат микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Микро

  • помалку од 10 вработени
  • годишен приход (обрт) до 2 милиони евра
  • биланс на состојба до 2 милиони евра

Мали

  • помалку од 50 вработени
  • годишен приход (обрт) до 10 милиони евра
  • биланс на состојба до 10 милиони евра

Средни

  • помалку од 250 вработени
  • годишен приход (обрт) до 50 милиони евра
  • биланс на состојба до 43 милиони евра

За повеќе информации и изготвување на апликации можете да ни пишете на info@agrotim.mk или да не контактирате на телефонските броеви: 070 267-789, 071 285-385, 071 225-345, 071 381-453

Извор: Агротим

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бектеши очекува дополнително намалување на инфлацијата за јули

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Кина го поткопува меѓународниот поредок, смета Водефул

October 15, 2025

Мицкоски ќе ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

October 15, 2025

Писателката Билјана Црвенковска со две претставувања на саемот во Франкфурт

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk