ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Утврдени сомнежи за несовесно работење и поткуп за ДУП-от во Карпош за бензинската станица на „Пуцко петрол“

August 4, 2023 14:26
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата одлучи да ја запре постапката за ДУП Општина Карпош бидејќи утврдила состојби кои укажуваат на сомнежи за несовесно работење, искористување на службената положба и поткуп.

Антикорупциската комисија ќе достави и иницијатива до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против сите чинители кои учествувале во постапката за носењето на Деталниот урбанистички план за градска четврт (3 04, помеѓу булеварите Илинден, 8-ми Септември, реката Вардар и улица Љубљанска) во општина Карпош, од неговото прво усвојување, до неговото укинување по втор пат од Уставниот суд.

Членот на ДКСК, Шемси Салаи информира дека предметот со број 12-2482/1 од 22.03.2022 година е оформен врз основа на поднесена пријава од непознат подносител, по електронски пат. Пријавата е сукцесивно надополнета на 27 јули 2022 година и на 16 јануари годинава.

-Се истакнува дека овој ДУП не бил во согласност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје, дека истиот овој ДУП еднаш бил укинат со одлука на Уставен суд на РСМ, дека плацот бил предвиден за градба на други објекти за друга намена, дека не можело да се врши пренамена на плацот во бензинска станица, дека земјиштето билo продадено на Пуцко Петрол ДООЕЛ Општина Пласница, кој не добил одобрение за градење во законски предвидениот рок. Наведено е дека како последица на ваквото коруптивно дејство, Пуцко Петрол ДООЕЛ Општина Пласница добил пресуда од Основен граѓански суд Скопје во негова корист, со која Општина Карпош била задолжена да исплати штета во поголем износ без основ, дека судијата кој работел на предметот ја донел таа одлука не работел чесно и стручно, дека не се следеле насоки од Апелационен Суд Скопје, да се изврши супервештачење за штетата, со оглед дека еднаш донесената пресуда била укината и предметот бил вратен на повторно постапување и одлучување. Истакнато е дека и за вториот ДУП Уставниот суд на РСМ повел постапка за негово преиспитување и ја запрел неговата примена во правниот промет, посочи Салаи.

Посочи дека по извршената анализа на фактите и доказите, ДКСК утврдила дека во конкретниот случај се работи за донесени два идентични ДУП-ови и дека тие не се усогласени со Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Во времето на продажба на градежната парцела немало изградено гасовод и не е спроведена стратешка оценка за влијанието на животната средина. Исто така, Пуцко Петрол не успеал да ги обезбеди потребните документи во предвидениот рок за изградба на бензинската станица.

Антокорупционерите на денешната седница посочија дека до Министерство за локална самоуправа ќе достават претставка за понатамошно постапување и распуштање на Советот на Општина Карпош, согласно Законот за локална самоуправа.

– За останатите сознанија на ДКСК кои упатуваат на сомнежи за прикриена инвестициска активност на деловна банка преку комерцијален деловен субјект – трговско друштво, како и сомнежи за неусогласеност со даночната регулатива, ќе се достават претставки до надлежните државни органи и институции, велат од ДКСК.

Tags: ДУПКарпошПуцко-петрол
Next Post

Пратеници наместо заменик-директор во АЗПСП со Правен факултет, назначиле новинар дипломиран во Тирана

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео X

(ВИДЕО) Руска ракета ја погоди амбасадата на Азербејџан во Кијив

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Инстаграм

(ВИДЕО) Автомобил удри во група луѓе во Белград, неколку повредени

November 14, 2025

Автобус удри во автобуска постојка во Стокхолм, има загинати

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk