ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Невремето што се најавува може да предизвика истекување на реките и поплави

August 5, 2023 11:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека невремето со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град, најавено за попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на водите, кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето, така и на патната инфраструктура, на одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони.

– Доколку се остварат овие врнежи со голем интензитет за кратко времетраење на одредени помали сливни површини, во вечерните часови, па и во раните часови утре, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води, кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето, така и на патната инфраструктура, која е во нивна близина, а на одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби, можна е појава на локални проблеми поради брзото истекување на водите по улиците, а атмосферските води од олуците приклучени на канализациите, можат да предизвикаат комунални проблеми и плавење на одредени подземни простории, стои во соопштението на УХМР.

Како што се додава, генерално не се очекуваат интензивни врнежи како на северозапад на Балканскиот Полуостров, но, сепак, достапните модели најавуваат врнежи на целата територија на државата.

– Поголема внимателност генерално е потребна на крајниот запад кај сливот на реката Радика, околу планините Шар Планина, Скопска Црна Гора, Осоговието и делови од Малешевските Планини и Огражден, во градските и приградските средини во реоните на Тетово, Скопје, Куманово, Крива Паланка, Штип, Свети Николе, Кратово, Пропбиштип, Кочани, се наведува во соопштението.

Од УХМР препорачуваат внимателно движење, особено покрај реките и суводолиците, поради можна појава на опасни води и свлечишта.

Според најавата од синоптичарите, попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад, облачноста ќе се зголемува и времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. 

Tags: невремеУХМР
Next Post
Фото: РКЕ

РКЕ: 120.000 домаќинства можат да имаат струја со централите од обновливи извори на енерија

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk