Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ нема да се пресели во Челзи, објави „Sky Sport Italia“.
Лондонските „Сини“ одбиле да го разменат напаѓачот Ромелу Лукаку за 23-годишниот Србин.
Во сезоната 2022/23, Влаховиќ забележа 42 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 голови и четири асистенции. Неговиот договор со Јувентус е до летото 2026 година.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра.