ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филков до Тренчевска од СДСМ: Законите ги подготвуваме низ јавен и транспарентен процес

November 18, 2025 15:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Тренчевска од СДСМ за Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и наводите за реформите во делот на Кривичниот законик, Законот за парнична постапка и АКМИС-от, рече дека Министерството за правда во изминатите 18 месеци има доставено во владина процедура и подготвено повеќе закони кои се дел од Реформската агенда, нешто што во изминатите години не било случено, информираат од  Министерството за правда.

,, Ако добро се сеќавам вие бевте министер во Владата каде што беа донесени штетните измени на КЗ, дали таа година немаше извештаи , дали вие реагиравте кога се носеа штетните измени? Законот за парнична постапка ако беше добар ќе го донесевте, мораше да се доработува и повторно е пуштен во владина процедура.”, образложи министерот Филков.

Сите закони, според министерот Филков се работени низ јавен и транспарентен процес.

,, Тука би ги споменал трите клучни закони, Законот за Судски совет, Законот за јавно обвинителство и Законот за Совет на јавни обвинители. Овие закони добија позитивно мислење од Венецијанската комисија . Законите се работени во јавен и транспарентен процес, не се носени во висококатница на Дубаи ниту на јахта во Халкидики. Повеќе нема да носиме закони во интерес на поединци и фамилии. Во однос на Кривичниот законик, воопшто да не се секирате, тој ќе биде донесен и очекувам поддршка од вас”,и порача Филков на Тренчевска.

Осврнувајќи се на наводите за недостиг на кадар во судството и јавното обвинителство, министерот Филков соопшти дека во последните пет години во пензија заминале вкупно 154 судии, активни се 294 од 456 систематизирани места.

,, Во 2020 година се пензионирале 7 судии, во 2021-8,2022-фантастични 64,2023-43,2024-25,2025-7 судии.Вкупно 53 јавни обвинители се заминати во пензија за пет години. Сега да ве прашам кога зборуватете за судството мислите за ова судство што вие ги пензиониравте во изминатите години кога бевте на власт, намерно или случајно беа овие бројки”, потенцира Филков.

Во однос на АКМИС-от, министерот Филков информираше дека Министерството за правда во изминатите 18 месеци има направено по две контроли во секој суд во државата, нешто што во изминатите години не се случило.

Поврзано:

Тренчевска до Филков: Вашиот магистерски труд ви беше поважен од реформите во правосудството

Next Post

Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk