ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска до Филков: Вашиот магистерски труд ви беше поважен од реформите во правосудството

November 18, 2025 14:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната  седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за правда, Игор Филков, да даде одговор зошто реформите во правосудниот систем целосно стагнираат и кој ќе понесе одговорност за блокадата на овој клучен сектор. Тренчевска посочи дека Извештајот на Европската комисија јасно потврдува дека нема напредок во судските реформи и дека независноста на судството е нарушена поради политички притисоци од извршната власт. Таа нагласи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за година и пол не донела ниту еден закон од реформската агенда, што покажува дека целта е контрола, а не реформа на правосудството.

„На денешните пратенички прашања, ќе се задржам на тема која е од суштинска важност за демократскиот развој на државата-функционирањето на правосудниот систем, и моето прашање ќе биде до министерот за правда, Игор Филков.

После година и пол од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, видовме само едно – судството е заробено, правда не постои, има нула реформи а власта единствено што сака е партизирано судство по нејзина контрола.

И ова не е нешто што ние како опозиција го кажуваме, дека нема реформи во судството и е јасно нотирано во најновиот Извештај на ЕК.

Во овој најлош извештај за државата, Европската Комисија упатува сериозни критики до Владата за доцнење со судските реформи и за недоволно обезбедување на независноста на судството.

ЕК јасно кажува-„нема напредок.“ Во поглавјето 23 „Темелни права и правосудство“ земјата е оценета со недоволен еден.

Колеги пратеници, ова е оценката за владата која ветуваше „правда“, а испорача притисоци, блокади и институционален хаос.

И ова не е некоја „туѓа критика“, туку официјална потврда од ЕК на она за што предупредувавме година и пол, дека ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата назад.

Сведоци сме на алармантни примери на политички притисок и обиди за контролирање на судиите од страна на извршната власт.

ЕК јасно нагласува дека најголемиот проблем во судството е независноста на судиите, која е поткопана од постојано мешање на извршната и законодавната власт.

Финансиската автономија на судството се поткопани.

Ова не е политичка квалификација од опозицијата, ова е директен цитат од Брисел.

Во извештајот, Европската Комисија јасно ги посочува трите најважни препораки:

  • Да се донесе Законот за парнична постапка со двотретинско мнозинство,
  • Да се спроведе стратегијата за реформи во судството,
  • Да се зајакне независноста и транспарентноста на Судскиот совет, како и доследната примена на АКМИС.

Но што направивте за година и пол? Наместо реформи – притисоци. Наместо институционална независност – обид за целосно потчинување на независните институции.

За првпат од 1991 година судската фела јавно реагираше на политички притисоци. Тоа е преседан. Општествен и државен. Сериозен сигнал дека политиката што ја водите не е добра.

Како министер за правда, треба да знаете дека притисокот врз членовите на Судскиот совет ја загрозува правната држава.

Вашата работа како министер за правда не е да ја покривате неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и да бидете привезок на партиските интереси на коалицијата, туку да ја штитите независноста на судството и правото на граѓаните на правда.

Извештајот на Европската Комисија е сериозен аларм: Македонија назадува – назадува поради неспособна влада која нема ниту визија, ниту волја, ниту капацитет да ги спроведе потребните реформи.

Реформската агенда е закопана во место и ништо не се помрднува. Годинава требаше да се донесат 12 закони од реформската агенда-ниту еден не е влезен во собраниска процедура, ниту пак е донесен од страна на министерството со кое раководите вие, министре Филков.

Ова јасно покажа дека целта на оваа власт не е реформа во судството, туку контрола на судството.

Затоа моето прашање денеска: Зошто не се спроведуваат реформите во судството? Зошто ниту еден закон не е донесен? Кој ќе понесе одговорност за блокадата на најважниот сектор во државата?“, истакна Тренцевска.

Tags: ТренчевскаФилков
Next Post
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Еминем со тужба против австралиски бренд поради името „Swim Shady“

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk