Новинарот и аналитичар Зоран Иванов инспиран од посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Скопје и Тетово во објава на Фејсбук напиша:
Курти вчера дојде, се прошета по Скопје и Тетово, со своите локални домаќини навредливо ја поништи македонската антифашистичка епопеја и борбата за држава и државност, поплука малку по власта, се изгушка со етно опозицијата, подели памет со кого македонските граѓани да се дружат, а кого да игнорираат, посоли уште по троа памет, ја поздрави големоалбанската иконографија на вознесените организатори, ја премости или тунелски ја проби Шар Планина, не беше баш јасен околу овој инфраструктурен проект во фаза на идеја и, сето кажано во оваа една реченица, горделиво, онака како некаков мал балкански Наполеон, си замина од земјава сосе својот дипломатски примитивизам зачинет со националистичка бразда на раздорот.