ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Рибарењето можен начин за зараза на третиот случај на конго-кримска хеморагична треска

August 14, 2023 14:50
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Третиот случај на конго-кримска хеморагична треска кај нас е 42-годишен велешанец, а можниот начин на зараза е неговото рибарење покрај дел на Вардар, каде што има доста влага, каде што има трева, трња и слично. Ова денеска во изјава за медиумите го соопшти директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ.

Таа информираше и дека епидемиолози, како и Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина, се вклучени во следењето на состојбата со конго-кримска хеморагична треска и работат на терен, заловуваат и испитуваат инсекти.

Стевановиќ појасни дека конго-кримска хеморагична треска ја пренесува крлеж. Но, како што посочи, таа може да биде пренесена и од консумирање на несоодветно или млеко, месо, што не е третирано добро.

– Најчесто се пренесува кај луѓе кои се професионално оптоварени, здравствени работници во текот на работата со пациентите, сточарите, риболовците, ловџиите со диви укасувања од инсекти. Оние кои ги колат и обработуваат месните продукти на евентуално заболени животни. Тоа е начинот на пренос, додаде Стевановиќ.

Конкретно кај овој, трет пациент, таа рече дека тој самиот не бил свесен дека го каснал крлеж. Но, тоа не секогаш може да биде забележано.

Под медицински надзор, одговори таа на новинарско прашање, покрај неговото четиричлено семејство, има уште пет лица кои работеле со пациентот во велешката болница.

Стевановиќ, меѓу другото, апелираше сите кои се движат во природа, како рибари, ловџии, планинари, да носат високи чизми, високи чорапи, светла облека за полесно да забележат инсект, а здравствените работници никако да не го забораваат основниот протокол за заштита при работа за секој пациент.

Ова е трет случај со конго-кримска хеморагична треска во земјава. Во првиот случај со директно заразување, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж. Во вториот случај се работи за болничарка, која моментално се лекува на Инфективната клиника, а нејзината состојба, како што беше кажано, е стабилна.

Tags: Инфективна клиникаКонго-кримска хеморагична трескаМилена Стевановиќ
Next Post

Тренчевска ги прими пензионерите: Министерството за труд и социјална политика е отворено за сите пензионери

EVN

НАЈНОВО

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Андонов на промотивен настан на анализа на јавното мислење за ЕУ процесите: Владата шири евроскептицизам!

January 28, 2026

Зошто искрениот пристап ги плаши неспособните

January 28, 2026

Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk