ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Имаме исклучителен скок на Глобалниот индекс за мир, од 94. место во 2016 на 38. место во 2023 година

August 16, 2023 10:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Земјава е меѓу првите 40 од вкупно 163 рангирани на листата на Глобалниот индекс за мир 2023 и има исклучителен скок од 94. место во 2016 на 38. место во 2023 година, посочува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук.

-Во изминативе шест години, откако го преземав раководењето со МВР, тргнувајќи од премисата дека нужното менување на МВР мора да биде втемелено на реални проценки, капацитети и можности, посветено работевме на спроведување на квалитетни реформи со цел да ги поттикнеме и поддржиме севкупните промени на безбедносниот сектор во државата. И, конечно воспоставивме норми и утврдивме концепт „МВР за граѓаните” коишто гарантираат заштита на човековите права и слободи, а истовремено се и силна брана против злоупотребата и незаконитото работење, напиша Спасовски на својот фејсбук профил.

Тој чекор, вели во објавата, го направивме без нималку колебливост, со цврста решеност да се етаблираат принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста, како еден од круцијалните фактори за просперитет на општеството и како гарант за развојот на правната држава.

-Со низа суштествени, реформски и програмски зафати во рамки на Министерството за внатрешни работи што ги реализиравме изминативе години – подобрени услови за работа со 80 реконструирани објекти, покачени плати и исплатени бонус плати, опремена полиција во служба на поголема безбедност на граѓаните – бездруго заземаат значајно место во напорите за квалитативно унапредување на модерното полициско работење, а во насока на гарантирање на врвна безбедноста на сите наши граѓани, прецизира Спасовски во објавата на фејсбук.

Поврзано:

Според Глобалниот индекс на мирот, Северна Македонија трета во регионот најбезбедна земја, после Словенија и Хрватска

Tags: Глобален индекс за мирСпасовски
Next Post

Во судирите во Либија најмалку 27 загинати, повредени 160 лица

НАЈНОВО

Ламборџини го претстави новиот Феномено, својот најекстремен модел до сега

August 27, 2025

Повеќе превезена стока во товарниот патен превоз, помалку во воздухопловниот

August 27, 2025
Фото: Триатлон и пливачкиот клуб 3Дисциплини од Струга

Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk