Припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) во кругот на Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, денеска учествуваа во крводарителска акција, во соработка со Црвен крст од општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Како што се појаснува, се дарувало крв во чест на 23 август – Денот на единицата.
– Во крводарителската акција што беше организирана во пресрет на Денот на единицата, беа собрани 19 единици крв, се додава во соопштението.