ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Ги решаваме приоритетите на граѓаните, силно посветени на модернизација на националната патна инфраструктура

August 23, 2023 17:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Остануваме силно посветени на нашата агенда во изградба на безбедна и модерна патна инфраструктура низ целата земја и од тоа не отстапуваме, потенцираше министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната посета на неготинско Војшанци.
Министерот заедно со директорите на Јавните претпријатија за патишта, Рустеми и Ацевски и пратеничката Лолита Ристова, извршија увид во комплетната рехабилитација на патниот правец Неготино – Дуброво – Војшанци и притоа остварија средба и со локалното население.

Инвестицијата за рехабилитација на овој пат изнесува 75 милиони денари, средства обезбедени преку централната власт.

„Ме радува што денеска ги гледам жителите собрани во толкав број, тоа ми дава потврда дека нашите политики вродуваат со плод. Рехабилитацијата на овој патен правец беше големо барање на жителите од Дуброво и Војшанци и ние преку Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта обезбедивме 75 милиони денари за негова модернизација. Голема заслуга за целиот овој проект покрај директорите Рустеми и Ацевски, има и пратеничката Ристова, која беше во постојана комуникација со нас до негова целосна реализација. Во овој регион во тек е и реконструкцијата на автопатска делница Неготино – Демир Капија, инвестиција од 9 милиони евра, многу значаен проект за сите оние кои патуваат по Коридорот 10. Нашите активности продолжуваат во сите општини, модерна и безбедна патна мрежа останува наш примарен фокус.“ – изјави министерот Бочварски.

„Благодарност до министерот Бочварски и директорите Рустеми и Ацевски што имаа слух за барањата на жителите и го реконструираа овој многу значаен патен правец кој поврзува повеќе населени места. Поддршката од централната власт е добредојдена за целиот овој регион и очекувам да реализираме уште многу квалитетни проекти со кои дополнително ќе го подобриме квалтетот на живот на локалното население.“ – изјави пратеничката Ристова.

Директорите Рустеми и Ацевски истакнаа дека добрата соработка и комуникација помеѓу институциите е клучна во реализацијата на ваквите крупни проекти за граѓаните и нагласија дека градежната офанзива продолжува и во наредниот период.

Министерот Бочварски оствари и работна посета на локалната фабрика Интеркар Глобал, каде се сретна со заменик директорот Сефер Килич.

Претходно министерот Бочварски, заедно со директорите Рустеми и Ацевски и пратеничката Марија Костадинова, беа присутни во гевгелискиот регион каде извршија увид во рехабилитираниот патен правец кој го поврзува населено место Прдејци, со Коридорот 10.
Станува збор за инвестиција вредна 15 милиони денари, средства обезбедени од централната власт.
Министерството за транспорт и врски продолжува во реализација на инфраструктурната програма во изградба на квалитетна, модерна и безбедна патна мрежа низ целата држава.

Tags: Бочварскинационалната патна инфраструктура
Next Post
Фото: Твитер

Четворица загинати и четворица повредени во напад врз училиште во североисточна Украина

НАЈНОВО

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

August 17, 2025

Пожарот во „Јасен“, сè уште не е скротен, активни се и пожарите кај Лојане и Табановце

August 17, 2025

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk