ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Голема жар, љубов и посветеност се вложени во културните настани во во Крива Паланка

August 24, 2023 09:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска присуствуваше на отворањето на 18. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Јоаким Осоговски“, кој синоќа започна во Крива Паланка. Фестивалот го отвори КУД „8 Октомври“ од Крива Паланка, кое презентираше сегменти од богатата етнокореолошка традиција на овој регион.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека во сферата на културата во Крива Паланка се работи со жар, љубов и посветеност, и на институционално ниво и во граѓанскиот сектор, а тоа може да биде успешен пример и за другите градови.

− Свесни сме дека сите активности што се од интерес како за домашната така и за меѓународната јавост од овој крај, како: Ликовната колонија „Св. Јоаким Осоговски“, Меѓународниот фолклорен фестивал, Меѓународниот театарски фестивал, Фестивалот на детска песна, како и музичкиот фестивал „Џој-фест“, се должат во голема мера на ентузијазмот на организаторите и на искрената љубов и посветеност на учесниците. Токму затоа овие активности како и досега така и во иднина ќе ја имаат поддршката од Министерството за култура − рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа ја нагласи важноста на традиционалното одржување на Меѓународниот фолклорен фестивал „Јоаким Осоговски“, кој секоја година ја презентира фолклорната традиција на нашата земја, но и на земјите од регонот.

− Овој меѓународен фолклорен фестивал, кој го носи името на светецот заштитник на градот, има континуитет на одржување и е препознатлив белег на културната мапа на градот и на државава. На Фестивалот секоја година се презентираат значајни кореографии и сценски адаптации од богатата фолкорна ризница на нашето поднебје, но и од пошироко. Верувам дека деновиве во Крива Паланка ќе имаме празнична атмосфера во која стотици игроорци, преку ора, игра и песни, но и преку дружење и пријателства, ќе ја претстават сопствената традиција и ќе ја шират мисијата на културата, која е голем обединувачки фактор − додаде Костадиновска-Стојчевска.

Организатор на Фестивалот е Центарот за култура од Крива Паланка. Фестивалот се реализира со поддршка од Општина Крива Паланка и од Министерството за култура. Настанот е дел од програмата на „Кривопаланечко културно лето 2023“.

Tags: Костадиновска СтојчевскаКрива Паланка
Next Post
Ricardo Hernandez / AP

Тропската бура „Франклин“ удри на бреговите на Доминиканската Република

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk