Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Мејсон Маунт ќе пропушти повеќе време отколку што беа првичните прогнози.
Според прес-службата на клубот од „Олд Трафорд“ 24-годишниот Англичанец поради повреда на тетивата добиена на мечот од 2. коло на Премиер лигата со Тотенхем (0:2) ќе отсуствува помеѓу четири и шест недели. Така, тој може да пропушти до осум натпревари на својот тим.
Маунт му се приклучи на Манчестер јунајтед ова лето од Челзи, потпишувајќи петгодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.