Пронајден е вториот дел од авионот „Ембраер“ во кој завчера вечер загина лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин.
Локацијата на која е пронајден вториот дел од авионот може да биде многу важна за истрагата за причината за авионската несреќа во која загина Пригожин.
Руските медиуми објавија и видео од вториот дел од авионот на Пригожин, кој се состои од крила и опрема за слетување, на кои нема траги од делување на противвоздушна одбрана.
Извор: МИА