ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хотелиерите побараа од Бектеши корекции за субвенциите, дел да одат во хотелите и кај домашните туристи

August 30, 2023 15:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Дел од субвенциите во туристичкиот сектор да одат директно за хотелите, а дел да се пренасочи и за домашни туристи, побараа претставниците на хотелскиот сектор на денешната средба во Струга со министерот за економија Крешник Бектеши.

Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери ХОТАМ, Крсте Блажески појасни дека побарани се само корекции во однос на одлуката за субвенционирање од 2010 година.

Дадено е предлог дел од тие субвенции да одат и на хотелите, дел да ги вклучи и домашните туристи во одредени периоди на годината, но да продолжат и за странските гости. Туроператорите кои ги носат странските гости да го добиваат тој дел што го имаат, но малку корекции на сумите, кои беа давани за пример за холандски пазар, германски пазар, полски пазар итн., рече Блажески.

Тие средства, нагласи, би ги употребиле за корегирање на плати, подобрување на условите за пречекување на гостите и подобрување на условите што ги нудат.

Ресорното Министерство, како што посочи Бектеши, веќе почнале да изработуваат нови програми со цел да му се помогне на хотелиерството на ниво на државата за подобрување на условите, што ќе овозможи повеќе туристи, кои би биле повеќе задоволни, а секако и подолго би престојувале.

-Тоа би го направиле и преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, каде што една од можностите да се вклучи и секторот угостителство и хотелиерство како директна поддршка во вид на грантови во дополнителни инвестиции, во подобрување на услови и слично. Секако дека како поддршка би можело да биде и со измена и дополнување на постоечкиот правилник за субвенционирање каде што еден дел од средствата што се делат од страна на владините институции да остане директно кај хотелиерите, а тие средства би можеле да се користат за дополнителни инвестиции, рече Бектеши.

Тој потсети на податоците на Државниот завод за статистика, според кои, во првите шест месеци од годината има зголемување на странските туристи од над 40 отсто.

– Согласно сите податоци кои денеска имавме прилика да ги добиеме од страна на хотелиерите од Охридско – струшкиот регион, најверојатно трендот на зголемување на туристи ќе продолжи, истакна Бектеши.

На средбата со министерот, претставниците на ХОТАМ побарале и давачките кон државата за младите од 16, 17 години, кои работат сезонски да бидат субвенционирани од страна на државата и придонесите за платата да бидат вратени на тој што ги дал. Првиот човек на ХОТАМ забележа дека интересот за поминување на неколку дена на охридско-струшко крајбрежје е на повисоко ниво од минатата година и оти септември и октомври се веќе доста зафатени.

Tags: БектешиХОТАМ
Next Post
Фото: Икс

Се прошируваат услугите на Безбедносниот сервис „Копеникус“ на ЕУ

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk