Ураганот Идалија се движи кон брегот на Флорида, каде што властите издадоа наредби за евакуација и ги повикаа жителите да се подготват за бурата која од утрово стана посилна.
Ураганот е од трета категорија и се очекува да го достигне четвртото ниво пред да стигне до Флорида, соопшти Американскиот центар за урагани (NHC).
Идалија до синоќа е со ветрови со брзина од околу 160 километри на час, но се очекуваат посилни ветрови кога ураганот ќе го погоди брегот, соопшти NHC со седиште во Мајами.