ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Фестивалот за современи уметности АКТО продолжува во септември

September 1, 2023 15:26
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: АКТО

Фото: АКТО

Share on FacebookShare on Twitter

Фестивалот за современи уметности АКТО во септември го продолжува своето 18-то издание. Како што најавија организаторите, на 14 септември следи свеченост заедно со наградата ДЕНЕС на нејзиното 20-годишно постоење како една континуирана и посветена заложба на создавање простор за младите уметници до 35 години.

-АКТО 18 се надоврзува на истражувањата од претходните две изданија во 2021 и во 2022 година, кои ја истражуваа темата „Современи (не)демократии“ во обид на согледување на процесите на приватизација, отуѓување, бришење и ревизија на историјата, кои водат кон разорување на јавното, оневозможувајќи го заедничкото, но и да ги поттикне процесите на грижа, потенцираат во соопштението.

АКТО 18 се отвори во јуни со изложбата „Прекаријатот има шанса“ во галеријата „Структура“ во Софија, која направи пресек на некои од најактуелните уметници во земјава, претставувајќи 18 дела од 20 уметници.

Во рамките на АКТО 18 ќе се отвори и Лабораторијата за просторно-изведувачки интердисциплинарни практики – Градот како сцена во соработка со Архитектонскиот факултет од Скопје, како нова едукативно-истражувачка и продукциска платформа. Во рамките на лабораторијата, АКТО ќе ја продолжи соработката со организацијата „Фрлачи на сенки“ од Загреб преку изложбата што го поставува прашањето како да се размислува за заедница и солидарност во моментот по природна катастрофа.

Како да се зборува или памети градот, ќе биде прикажано во октомври на Архитектонскиот факултет низ проекцијата на документарниот филм „Витиќ танцува“, дваесетгодишна епопеја на уметникот Борис Бакал низ еден станбен модернистички објект во Загреб, дело на архитектот Иван Витиќ.

Во ноември АКТО ќе ги претстави продукциите на ФРУ на Националните павилјони на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор 2023 во рамки на МОТ, а заокружувањето на годинешната програма ќе се случи со најновата претстава на уметницата Власта Делимар во Драмски театар во последниот месец годинава.

АКТО 18 е поддржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија, Trust for Mutual Understanding New York, Фондацијата „Хајнрих Бол“, Институтот „Гете“, Европската Унија – проект „Острови на сродство“, проектот „Активен ГРА(Д)/ѓани“ и проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди туку делови од соѕвездија“.

Tags: АКТОсовремени уметностифестивал
Next Post
Мост на Булеварот АСНОМ. Фото: 24Инфо

(ВИДЕО) Мостот на булевар АСНОМ стои нечепнат, Арсовска не кажува што ќе прави

Shortcut

Најново

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk