Папата Франциск денеска пристигна во Монголија, што е прва посета на римокатолички поглавар на таа азиска земја.
Папата пристигна на аеродромот во Улан Батор околу 10:00 часот по локално време, каде што беше пречекан од монголска почесна гарда во традиционална сина, црвена и жолта облека.
Планирано е посетата на 86-годишниот папа на Монголија, претежно будистичка земја со заедница од околу 1.400 католици, да трае до понеделник.
На пат за Монголија, додека авионот леташе над Кина, папата испрати телеграма „со добри желби“ до кинескиот претседател Си Џинпинг и до кинескиот народ.
Папата традиционално ги поздравува лидерите на земјите во чиј воздушен простор се наоѓа авионот со кој патува.