ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со концертите на дуото Добрила-Доријан и на „Jingarabushi“ почна „Прилеп џез викенд“

September 1, 2023 10:12
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со два концерта, еден на дуото Добрила-Доријан, вториот на интернационалниот состав на Јордан Костов (Јордан Костов, „Jingarabushi“) на малата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и официјално почна 12. Фестивал на џезот – „Прилеп џез викенд“.  Му претходеа два настана во придружната програма – во понеделникот концерт на  Џенгис Ибрахим на археолошкиот локалитет Врбјанска ќука и на 29 август, во вторникот во Клубот Калинка настапија „Next to Silence“.

Фестивалот вечер и утревечер на 2 септември кога ќе се заокружи ќе понуди уште 4 концерти. Публиката ќе ги види и „Soothsayer“, бенд кој го сочинуваат тројца млади, но веќе етаблирани музичари, потоа групата „Фолтин“, а последната вечер се концертите на гостите од Србија „3Gonome3“ и составот „Intergalactic mutant funk“.

Добрила Грашеска, од дуото Добрила и Доријан пред публиката го претставија својот проект „Пиле шарено“ кој донесува познати македонски песни со нов аранжман и видување.

Има веќе две години како го почнавме овој проект со мојот другар Доријан Јовановиќ со кого свириме заедно во „Чалгија саунд систем“. Во овој проект влеговме како дует. Она што најдобро го знаеме, тоа македонската традиционална музика и ја прикажуваме низ филтерот на нашето видување на музиката. Тоа значи низ нашиот современ спектар на поглед и на разбирање на музиката, на звуците, на шумовите. Во овој проект „Пиле шарено“ внесовме малку повеќе електроника, повеќе експериментирање со музиката.Пристапуваме од поинаков агол на она што го знаеме. А то во џезот е најважно. Во џезот се битни импровизацијата и слободната интерпретација на она што е знајно, рече Грашеска.

Доријан Јовановиќ смета дека се потребни повеќе џез фестивали од помал формат за да се претстават сите талентирани изведувачи.

-Прилепскиот џез фестивал е многу помал, да речеме од Скопскиот џез фестивал, но овие фестивали, во овој момент, ми се чини, се многу битни зашто може да претстават многу повеќее од помалите артисти, изведувачи кои имаат простор и можност да го покажат она што го работат. Затоа е големо значењето на овој џез фестивал. Треба да ги има повеќе. Во Прилеп има добра почва фестивалот, има традиција и еве се одржува успешно 12 години, смета Јовановиќ.

По 12 години прилепскиот џез фестивал има извршено влијание и на публиката и на порезентацијата на музичари од земјава и од Регионот.

– „Прилеп џез фестивалот“ продолжува да го претставува најдоброто како од Македонија така и пошироко, од Регионот.Фестивалот е позициониран на мапата на Фестивали и има оставено веќе значајни траги. Сите изведувачи кои настапиле досега во овие години извршиле силно влијание и врз публиката и врз креирање на една фестивалска историја. Им се  дава шанса, најмногу на македонски музичари, на млади музичари, се промовираат нивните проекти, експериментални. Секогаш се покануваат и гости од Регионот, рече Снежана Ристеска, советник за култура во Прилеп.

Фестивалот „Прилеп џез викенд“ е во организација на здружението за субкултура „ПП Џез фестивал“.

Tags: „Прилеп џез викенд“
Next Post

Грција бара пет милијарди евра од ЕК за зелена транзиција, дигитализација и иновации

НАЈНОВО

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk