Кошаркарите на Србија го претрпеа првиот пораз на Светското првенство, откако попладнево во воведното коло од Групата И загубија од Италија со 76-78, иако во третата четвртина имаа предност и од 16 кошеви.
Во групата Ј, САД потешко од очекувањата ја оправдаа фаворитската улога против Црна Гора совладувајќи го противникот со 85-73.
Голем чекор кон пласман во четвртфиналето направи и Германија со триумфот над Грузија од 100-73 во групата К.