ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Авторско претставување на Томислав Османли во Шибеник

September 4, 2023 10:40
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„По трагата на напишаниот збор“ е насловот на средбата со македонскиот писател Томислав Османли на четвртите по ред „Денови на македонската култура“ во Шибеник што се одржуваат под организација на невладиното здружение „Хрватско-македонска тангента“ кое создава активни мостови меѓу двете култури, општества и држави.

На средбата писателот Никола Шимиќ – Тонин најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“

Шибенските „Денови на македонската култура“ се одржуваат под работна тема „Влијанието на традицијата врз современата култура и уметност“.

Меѓу учесниците е и театарскиот и филмски режисер Александар Поповски, актуелен уметнички директор на „Slovensko narodno gledališče“ од Марибор, Словенија, Христо Петрески претседател на Друштвото на писателите на Македонија, писател и сликар и Томислав Османли.

Книжевната средбата  со Османли во хрватските медиуми е најавена како „Претставување на реномираниот македонски писател Томислав Османли и на неговиот богат книжевен опус“. Инаку овој авторски настап на македонскиот писател доаѓа по неговото неодамнешно гостување во Загреб, каде во Македонскиот културно-информативен центар беше одржан негов богат книжевен портрет.

Средбата со Османли, на шибенските „Денови на македонската култура“ се одржа во вилата Трутини двори на островот Зларин. Неа  ја отвори претседателот на „Хрватско-македонската тангента“ Сашо Георгиевски, а авторскиот портрет на Османли го претстави директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Наталија Поповска. Посебен осврт кон книжевната  дејност на Османли имаше и писателот Никола Шимиќ – Тонин, претседател на Одделот на Друштвото на хрватските писатели од Задар. Тој најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“ што нејзиниот одбор неодамна му ја доделил на нашиот автор за неговата сестрана авторска работа и за книжевните афирмации на неговите творби, во регионот и посебно во Хрватска.

Настап имаше и македонскиот писател, кој говореше за своите литературни пристапи, за неговите лични и тематски врски со Медитеранот и за другите креативни искуства во домените на драмската уметност, сценаристиката и теоријата на вербо-визуелните медиуми, на кои инаку Османли перманентно работи. На крајот од неговиот исказ, македонскиот писател  присутните ги освои со стиховите на неговата наградена (2018, во Италија) песна „Љубов“  богата со  медитерански слики и чувствувања.

Инаку, на четвртите „Денови на македонската култура“, во присуство на авторот, беше прикажан филмот „Балканот  не е мртов“ работен според пиесата на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски, уметнички директор на Словенско народно гледалишче од Марибор и истакнат македонски режисер кој непрекинато потпишува врвни театарски режии низ поширокиот регион. Д-р Христо Петрески, писател, сликар и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија се претстави со  изложбата насловена „Моливот пишува со срцето – Христово“, a со ликовната изложба „Море“ на манифестацијата се претстави и авторката Гојка Скориќ – Пелајиќ. Директорот на македонската државната Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Д-р Љупчо Јаневски одржа забележано предавање на тема од еко-туризмот.
Македонските гости на манифестацијата ги прими и градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, потоа и началникот на Примоштен, Стипе Петрина.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Томислав Османли

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk