– Две лица загинаа, а три се водат како исчезнати по обилните дождови што предизвикаа големи поплави во централна Шпанија вчера и рано утринава, соопштија локалните власти.
Како резултат на невремето затворени се патиштата и линиите на метрото, а прекинати се и брзите возови.
Ненадејните дождови ги претворија улиците во реки од кал, влечејќи автомобили и канти за ѓубре во областите на Мадрид, Кастиља-Ла Манча, Каталонија и Валенсија.