ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сторија за Семинарот за македонски јазик, литература и култура, низ личните приказни на учесниците на годинешната летна школа

September 4, 2023 13:46
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Фото: И. Чадиновски

Фото: И. Чадиновски

Share on FacebookShare on Twitter

Сторија на Рацин.мк за Семинарот за македонски јазик, литература и култура, низ личните приказни на учесниците на годинешната летна школа.

Дел од учесниците веќе беа заминати, некои заминуваа тој ден, но во хотелот и во паркот покрај брегот на Охридското Езеро сѐ уште можевме да се сретнеме со дел од овогодишните учесници. Сите беа добро расположени и во паузите меѓу последните предавања или лекторски вежби разговаравме со повеќемина од нив.

Она што го забележавме како прв впечаток е дека на семинарот има повеќе генерации македонисти. Дел од нив се веќе искусни, докажани македонисти, професори или раководители на катедрите по македонски јазик на своите матични факултети во Чешка, Полска, Словенија, Хрватска, Руската Федерација, НР Кина и во повеќе други земји, а дел од нив се студенти на тие факултети на средно рамниште или почетници во познавањето на македонскиот јазик.

Директорката на МСМЈЛК, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска ни објасни дека младите семинаристи во најголем дел се во почетните групи, на почетно ниво, не го познаваат македонскиот, почнуваат од нула или со мало предзнаење.

– Меѓутоа она што е интересно е дека и во групите со средно ниво, и особено во напредните групи, имаме мешан состав. Истовремено во една група можете да видите и студент и професор. Тие учесници, во тие напредни групи го познаваат, го зборуваат македонскиот, но сега ги учат финесите на македонскиот јазик. Исто така и на полето на македонската литература, посочи директорката.

СЕМИНАРОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ОХРИД Е КЛУЧЕН ЗА НАС СТРАНСКИТЕ МАКЕДОНИСТИ

Нашата прва средба со искусните македонисти беше со проф. д-р Намита Субиото, која раководи со Катедрата по македонски јазик на на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.

Она што е значајно за оваа катедра е што тука е основан првиот Лекторат по македонски јазик уште во академската 1961/1962 година и професорката Субиото ни рече дека сѐ уште предизвикува интерес за изучување на македонскиот јазик, литертура и култура.

– Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, е клучен за нас странските македонисти. Многу ни значи не само убавата атмосфера и гостољубието, туку и средбите со врвните стручњаци по македонски јазик, литертура, култура, историја. Тука добиваме значајни публикации… Но, не завршува сѐ со семинарот, туку управата на семинарот, директорката и нејзините соработници ја следат нашата работа преку целата година и тоа многу ни значи. Ја имаме нивната поддршка и мислам дека оваа институција заслужува многу високо признание од македонската држава затоа што грижи за промоција на македонската култура надвор од Македонија, ни рече проф. д-р Намита Субиото.

Целиот текст, и другите лични приказни од учесниците во сторијата од Рацин.мк, тука.

Tags: Семинар за македонски јазик
Next Post

Селами: Потребен е здружен пристап против криминалот а не да се мери кој етникум е помалку или повеќе криминализиран

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk