ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Богоев: Воспоставуваме нов стандард на ефективност на Царинската управа

September 6, 2023 16:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Воспоставуваме нов стандард на ефективност на Царинската управа како сервис за стопанството, при што работиме на конкретни мерки и политики со коишто ќе се создадат услови за повисока продуктивност на македонската економија, извоз на стоки и услуги со поголема домашна додадена вредност, што значи поголеми приходи во Буџетот. Истовремено Царинската управа работи на реформски политики чија цел е подобрување на менаџирањето со ризици, намалување на сивата економија и сузбивање на корупцијата“, објави на Фејсбук, директорот на Царинската управа Стефан Бигоев, од денешната посета на клучната Царинарница Скопје и царинските испостави Скопје 1 и Скопје 3.

Трговската интеграција на македонските компании на меѓународниот пазар е клучна за развојот на економијата, при што во овој момент сме фокусирани на спроведување реформски политики коишто ќе ја олеснат трговијата и ќе ги подобрат условите за водење бизнис, вели Богоев.

Од Царинската управа истакнуваат дека се работи на реформски политики чија цел е подобрување на менаџирањето со ризици, намалување на сивата економија и сузбивање на корупцијата.

„Царинските давачки се еден од главните приходи во Буџетот на Република Северна Македонија. Притоа, царинските службеници имаат одговорност да се осигураат дека царинските давачки се платени во целост. За таа цел во моментов работиме на воспоставување на критериуми коишто ќе помогнат во таргетирање декларации во кои постои ризик за плаќање давачки во помал износ од реалната цена на стоката, ризик од погрешно царинско распоредување или ризик од неточно пријавување на потеклото на стоката“, потенцира Богоев.

Подоброто менаџирање со ризици значи подобро идентификување на пратки со висок ризик сè со цел заштита на финансиските интереси на државата, прибирање на поголеми приходи и заштита на конкурентноста.

Воедно, директорот Богоев при посетата на царинарницата Скопје говореше и за важноста од имплементирањето на националниот едношалтерски систем, којшто ќе функционира како нов бизнис хаб преку кој ќе се одвива целиот увоз, извоз и транзит, како еден од клучните проекти коишто ќе се имплементираат со цел олеснување на трговијата и забрзување на транспортот.

Минатата година низ царинарницата Скопје се обработија вкупно 474 илјади декларации за увоз, извоз и транзит на стоките, што е 38,5 проценти од вкупно обработените декларации во државата, соопштуваат од Царинската управа.

 

Tags: Стефан БогоевЦаринска управа
Next Post

Случајот „Онкологија“ злоупотребен за ширење дезинформации и антиевропска кампања

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk