ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерот Бектеши најави нови мерки за ранливите категории граѓани

September 6, 2023 14:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за економија ќе донесе мерки кои ќе бидат во корист на граѓаните, посебно на тие категории на граѓани кои имаат најголема потреба. Во моментов е при крај подготовката на Предлог-ребалансот на буџетот и најверојатно до крајот на неделата, најдоцна почетокот на наредната недела ќе излеземе и со новиот буџет и со нови мерки кои ќе бидат во корист на граѓаните, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Министерството за економија на дневна база ги добива анализите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) кои ни даваат импут во креирање и дизајнирање на мерките. Мерките се дизајнираат со Организација на потрошувачи, со стопанските комори и преку секторите на Министерството за финансии и Министерството за економија. ДПИ и директорот не ги креираат мерките, тие даваат импут во делот на тоа каде би можело да се интервенира за одредени производи во одредени сектори, рече Бектеши во одговор на прашање по посетата на  подружницата на ЕВН Македонија во Бутел заедно со директорот на Бирото за метрологија, Абдуљ Сељам Селами.

Нагласи дека сакаат директно да поддржат ранливите категории на граѓани, кои како што кажа, помина тешка година со инфлацијата и додаде дека веднаш можат да реагираат и да ги ограничат маржите ако се одлучат на тоа. Ги повика производителите на леб во државата да не ја покачуваат цената, а за производителите на млечни производи истакна дека е надлежно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

-Млечната индустрија не е во нашиот домен. Министерството за економија во своите надлежности има трговија, а преработката на млечната индустрија е во доменот на МЗШВ. Ние сме наделжни за трговијата што се прави со млечни производи. Ако одредена компанија произведува млечни производи, од моментот кога почнува да ги тргува тогаш Министерството за економија има механизми како да постапи, било тоа да е од домашно производство, било да е трговија со млечни производи кои се прават во делот и на увозот и на извозот. Што се однесува до Министерството за економија ќе донесе такви мерки кои ќе бидат во корист на граѓаните согласно импутот што ќе го има, вклучувајќи го тука и МЗШВ. Во однос на лебот во неколку наврати ги повикав производителите на леб во нашата држава, посебно во регионот на Скопје тие 4-5 компании кои се поголеми да не ги менуваат цените. Тие многу добро знаат што ќе им следи ако имаа зголемување во цената на лебот, прецизира Бектеши.

Нагласи дека на веб-страницата на Министерството за финансии може да се види листата на прехранбени производи на кои евентуално би им се зголемило ДДВ-то од 5 на 10 отсто ако помине законското решение во Собранието.

-Мислиме дека е коректна листа која е подготвена од страна на сите што беа вклучени. Сите проверки се направени со сите засегнати страни и тоа би било фер пристап на зачувување и заштита на најранливите категории на нашите граѓани, посочи Бектеши.

Истакна дека мислат оти треба да има солидарен данок, но додаде дека претходно треба да се направат некои измени во предлог-законското решение, имајќи предвид дека помина многу време од моментот кога беше пуштено во собраниска процедура.

-Отворени сме за да разговараме и да преговараме и со стопанските комори и внатре во склоп на Собранието, рече Бектеши.

Tags: економијаКрешник Бектешинови мерки
Next Post

Пентагон отвори веб-страница со информации за НЛО

НАЈНОВО

Били Ајлиш и Илон Маск во жесток онлајн судир поради богатството и одговорноста

November 18, 2025

Лувр затвори дел од музејот поради нестабилен под

November 18, 2025
Фото: Официјална Фејсбук-страница на британската Кралска ковница

Кралска чест за легендата: Британската ковница издаде монета со ликот на Фреди Меркјури

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk