Младиот пливач Никола Ѓуретановиќ настапи на Светското првенство за Јуниори во Нетанија, Израел во неколку дисциплини и постави два национални рекорди.
Како што известуваат од пливачкиот клуб „Вардар 2018“, Ѓуретановиќ во дисциплината 200 м. слободно, го собори националниот рекорд приближно за 3 секунди. Стариот во негова сопственост 1:57:15, а новиот со време 1:54:73 и заврши 35-ти од 67 учесници.
Во дисциплината 200 м. мешано, го собори националниот рекорд кој исто така беше во негова сопственост. Стариот со време 2:11:79, новиот 2:10:24 и се пласира како 33-ти од 57 учесници.
Во дисциплината 400 м. слободно, постигна негов личен рекорд и подобрени 3 секунди – времето изнесува 4:04:73 и се пласира како 32-ри од 62 натпреварувачи.
Никола е еден од најмладите на ова Јуниорско првенство до 18 години.
Утрово на Јуниорското првенство, Јана Милковска ја исплива својата прва трка на 800м. слободно и постави свој личен рекорд побрз за 11 секунди.
Ј. Ѓ.