ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Преговараме за нови 50 милиони евра поддршка за мали и средни претпријатија

September 8, 2023 18:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Министерство за финансии

Фото: Министерство за финансии

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија ги финализира преговорите за обезбедување финансиски средства од  Банката за развој при Советот на Европа – (CEB).  Барањето е веќе доставено до Банката, и се очекува до крајот на овој месец да се финализираат условите, а до крајот на годината да бидат и одобрени од страна на Банката. Ова, како што информираат од Министерството за финансии, било соопштено на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со гувернерот на ЦЕБ Карло Монтичели и вицегувернерот на ЦЕБ Томаш Бочек во Париз.

-Банката за развој при Советот на Европа е една од водечките меѓународни финансиски институции во земјава која поддржува инвестиции во јавната социјална инфраструктура, како и поддршка на приватниот сектор, особено малите и средни претпријатија. Оваа нова кредитна линија е токму насочена кон поддршка на мали и средни претпријатија и дел од широката лепеза на проекти на кои работи Владата и со други финансиски институции, а со цел да се поддржи нивната ликвидност и зелени инвестиции во период на криза, истакнал министерот Бесими.

Тој посочил дека станува збор за 50 милиони евра за домашните компании, кои ќе се пласираат преку Развојната банка и кои се надополнување на веќе постоечките производи кои со поддршка од Владата се пласираат преку Развојната банка, а се насочени кон поддршка на компаниите.

Исто така Банката, како што велат од Минитертвото за финансии, има одобрено грант од 1,1 милиони евра од Фондот за зелени социјални инвестиции, со кој ќе се финансираат поставување фотонапонски централи на училишни објекти во земјава кои се реновирани исто така преку проект поддржан од оваа финансиска институција.

-Соговорниците ја потврдија успешната соработка помеѓу Република Северна Македонија и оваа меѓународна финансиска институција која досега учествува во реализација на девет проекти од јавниот сектор во износ од 264 милиони евра. Поддршката е насочена во здравствениот сектор, образованието, правда, изградба на социјални станови, како и поддршка на мали и средни претпријатија, а се очекува во наредниот период преземените реформи во делот на јавните финансии да придонесат кон забрзување на динамиката на реализација на проектите, се наведува во соопштението.

На средбата станало збор и за стратешката рамка на Банката во наредниот период и иницијативата за зголемување на капиталот на Банката, што ќе овозможи зголемени активности на Банката за периодот 2023-2027 година во земјите членки, а на што Република Северна Македонија, како членка, даде позитивен одговор.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БесимисредбиЦЕБ
Next Post
Фото: МИА

Непознат бројот на заглавени граѓани во поплавените подрачја во Грција, продолжува спасувачката акција

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Еурофарм Пелистер

    Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk