ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕП размислува за воведување „ад хок“ комитети со законодавни овластувања

September 13, 2023 09:17
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот парламент ја разгледува можноста за формирање на „ад хок“ комитети, кои би имале законодавни овластувања поврзани со законски предлози кои се во надлежност на најмалку три постојани парламентарни комитети.

Ваквата можност, како што наведува порталот „Еурактив“, се предвидува со документот за реформа на структурата на комитетите, со што драстично би се променил начинот на кој се носат законските регулативи во Европскиот парламент.

Целта на оваа идеја е да се надминат редовните судири на надлежности меѓу сегашните постојани комитети и креирањето политики на ЕУ да стане поефикасно.

Европарламентот и досега формираше „привремени специјални“ комитети задолжени за извештаи, резолуции и други процедури иницирани од европратениците, но не и за законодавни регулативи, чие разгледување беше строго во надлежност на постојаните комитети.

Овие комитети се сржта на моќта на Европскиот парламент во законодавните процедури, имајќи предвид дека нивните претседавачи или известувачи вообичаено играат клучна улога во подготвувањето на законите и во преговорите за нивно усогласување, а со новата идеја и „ад хок“ комитетите би ги имале истите овластувања.

Предлогот за реформа на структурата на комитетите, исто така, предвидува и можност за „групирање“ на постојаните комитети по политички области во „комитетски кластери“, како непостојани тела без законодавни овластувања со цел да се олесни соработката меѓу комитетите.

Главна задача на „комитетски кластери“ би била да бидат места за јавни расправи за теми во надлежност на повеќе комитети, како и за политички дискусии и работилници, со цел да се обезбеди „кохерентен пристап во областите на политиките и пакетите на испреплетено законодавство“.

Овие „кластери“, според предлогот, би ги замениле сегашните привремени специјални комитети без законодавна моќ, за кои се оценува дека придонесуваат за „дополнителна сложеност во внатрешните методи на работа на Парламентот“, бидејќи нивните ингеренции често се преклопуваат со надлежностите на постојаните комитети.

Tags: ЕПЗаконодавствокомитети
Next Post

УНЕСКО решава дали Охрид и Охридското Езеро ќе го задржат статусот заштитено светско наследство кој беше доведен во ризик од политиките на ВМРО

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk