ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меѓу лажниот морал и компромисот со злото

September 13, 2023 10:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ГОРАН ВОЛКАНОСКИ

Морализирањето заради штетата по правниот поредок со донесувањето на новиот закон е само тресење на вината од себе, како куче кога ги тресе болвите. Непоправлива штета на правниот поредок направи Груевски со сесрдна поддршка од правниот факултет и отровно корумпираните медиумски лигуши. Уште поголема штета направивте вие, кои сега морализирате, а 2016 им дадовте четириесет и кусур пратеници на бандата која претходно ја бутна државата на колена.

Каде бевте да кукате по морал и легалитет кога пудлицата на Груевски – Мицкоски отворено ја ставаше иднината на државата во залог за парче власт? Избори час поскоро во замена на иднина. Нема избори – нема иднина.

Иако беше очигледно дека ВМРО ја злоупотребува моќта во парламентот која ВИЕ му ја ставивте на располагање, за да ја распродава на штета на иднината на целата држава, вие кукавте поради непостоечкиот бугарски диктат (кој патем Европа ни го намести како пенал на празен гол). Вие кукавте дека ќе се бугаризираме и не дозволувавте државата да го изведе пеналот. Ја криевте топката…

Не, не ви беше до државата, вашата цел беше да го вратите ВМРО. Го гледаме тоа, до толку барем имаме ум. И сега не ви е до правниот поредок, вам ви пречи што со влегување во ЕУ, нема да постои ВМРО бандата. Ќе морате да се потпрете само на себе и сопствените способности, а не на колективните, кои патем се нарекуваат национализам.

И немојте да се вадите дека поради новиот закон Груевски ќе може да се врати. Вие тоа всушност и го сакате. Мене на пример, не ми е важно дали ќе го гледам Груевски на улица. Би го менувал тоа за просперитетот на државата. Едноставно со презир ќе ја завртам главата и ќе прејдам на другата страна од улицата, а вие кои сега божем кукате, вие пак ќе го гласате. Како што го гласавте Стевчо и Данела. Ви текнува? Не? Не ме чуди…

Само да знаете, проѕирни сте како најлон гаќи…

*

Го разбирам револтот на принципиелните, на праведните, на чесните!

И себеси се ставам во тој круг!

Но во исто време се обидувам да останам рационален и прагматичен. При тоа морам да укажам на сите нашите слабости. Во минативе триесеттина години не покажавме спремност за соочување со самите себе! Со сопствените слабости! Баш напротив, покажавме дека многу повеќе сакаме да живееме во илузии, отколку да се соочиме со реалноста!

Тоа што минативе неколку години се правеа несакани компромиси, кои се во спротивност со посакуваните стандарди кон кои се стремиме(за жал тој стремеж не е присутен кај мнозинството!) е резултат на многу ниското ниво на вреднување на процесите на наше европеизирање! Да не кажам, дури има и отпор кон овој процес! Значи, поддршката кон процесите на нашето европеизирање треба да е правопропорционална со стремежот за постоење на функционален правен систем! Во спротивно, колку и да е парадоксално, се доведуваме е во сегашната ситуација! Неминовно правење на нужни компромиси со злото!

Но, кој е изборот?

Компромис кој ги отвора вратите за наше еволуирање кон функционален правен систем или останување во една недефинирана позиција, каде нема еволуција. Во таква позиција можни се само ретроградни процеси!

Но, да видиме што ќе донесат овие случувања. Целта, понекогаш ги оправдува средствата. Колку и да е болно и неприфатливо.

Посебно, ако знам, дека целта ќе значи, остварување на општествени околности во кои никогаш повеќе нема да се прави компромис со злото!


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: ГОРАН ВОЛКАНОСКИзлотокомпромис
Next Post

Вчера изгаснати 32 пожари, три сѐ уште активни

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk